Достапни линкови

Тешко до сопствен бизнис


Текстилна фабрика
Текстилна фабрика

Македонските стопанственици се жалат дека во Македонија е тешко да се води сопствен бизнис. Како главни проблеми се потенцираат огромната бирократија, но посебно строгите услови за добивање банкарски кредити. Доколку немате сопствен капитал, тешко дека ќе можете да почнете бизнис, велат домашните бизнисмени.

Сакате да бидете сам свој газда? Имате идеја која би сакале да ја претворите во профит? Прв чекор во остварувањето на овие замисли е основање на компанија. Благодарејки на едношалтерскиот систем, процедурата за регистрација е поприлично едноставна. Сите информации ви се достапни на интернет страницата на Централниот регистар а регистрацијата на компанијата ќе ве чини педесетина евра. Следен чекор секако ќе ви биде отворање на канцеларија, обезбедување на основен капитал и основни сретства за работа, како комплутери, машини, телефони факсови и слично. За многумина токму тука почнуваат проблемите. Ако немате сопствен простор, ако не сте кредитоспособен или ако немате некаква заштеда, многу тешко ќе ви тргне работата, се согласуваат упатените. Бизнисменот Ристо Карајков вели дека почнал со подршка на Бизнис инкубатор и свои пари:
Сум одел на варијанта да почнам со свои пари така што воопшто и не сум размислувал за кредит. Првата работа е да успеете да продадете нешто, значи на почетокот најмногу напор се вложува во маркетинг.


„Сум одел на варијанта да почнам со свои пари така што воопшто и не сум размислувал за кредит. Првата работа е да успеете да продадете нешто, значи на почетокот најмногу напор се вложува во маркетинг, да ве научат можните клиенти на пазарот, кои сте, што нудите.“

Инфраструктурата за подршка на младите бизниси може да се подобри, смета Карајков и додава дека дел од претприемачите не се подготвени да одат во банка за да бараат кредит:

„Дури и да имате пристап до тие пари, значи да одите на варијанта на кредит, многу млади бизнисмени ќе размислат дали да влеазат во тоа, затоа што им е страв да се задолжуваат.“

Тешко се добива банкарски кредит за отпочнување сопствен бизнис

Додека кај нас комерцијалните банки се чини се уште не се многу заинтересирани да кредитираат почетници во бизнис водите, во светот има поинакви пракси. Најчест начин на кој комерцијалните банки им помагаат на новите бизниси да застанат на стабилно тло е со косопствеништво. Имено, како гаранција за кредитот кој го добива, претприемачот на банката и препишува дел од сопственоста на новооснованата компанија.Банката, секако, има придобивки од подршката.
Во земјава постојат неколку организации кои работат на подршка на новоформираните, или популарно наречени „стартап“ бизниси. Во оваа категорија спаѓаат фирмите не постари од три години. Бизнис инкубатори, центри за иновации и проекти за самовработување; овие организации нудат обуки, техничка и парична помош за новите бизниси со соодветно изработен бизнис план. Љупчо Деспотовски од „ПСМ Јес“ фондацијата, во чии рамки работи бизнис инкубаторот, констатира дека во земјава има слаба инфраструктура за подршка на старт-ап бизнисите:

„Не е проблем да регистрираш фирма, сега за два до три дена се регистрира фирма и веднаш си директор, управител на компанија, но проблемот е во поддршката што следи потоа. Значи доколку имаш потреба од пари, тоа речиси е невозможно, освен ако немаш сопствени пари или од пријатели или роднини. Кредит да земеш од банка, нема теорија, грантови многу тешко се добиваат, многу е
Не е проблем да регистрираш фирма, сега за два до три дена се регистрира фирма и веднаш си директор, управител на компанија, но проблемот е во поддршката што следи потоа.
тешко да се пристапи до пари.“

Деспотовски вели дека за младите високообразовани кадри во земјава поатрактивни се работните места во државната администрација:

„Кај нас е случајот што имаме огромна државна бирократија и луѓето сметаат дека е подобро да се работи за 300 евра плата во некое министерство, институција, Агенција или што и да е, наместо тоа што го учеле четири години на факултет да се обидат да го претворат и да го валоризираат на тој начин што ќе започнат свој бизнис. Се плашат, сметаат дека посигурно е да работат за државата и излегува дека државата е најголем работодавач.“

Официјални податоци до некаде ја потврдуваат ваквата констатација. Според последниот извештај од истражувањето на Економскиот институт Скопје, повеќе од половина македонски граѓани или 57 проценти сакаат да работат за друг, по можност за директор во државна компанија. Ваква амбиција во САД имаат 37 отсто од граѓаните, покажуваат резултатите од истражувањето.

Се поставува прашањето каде е проблемот? Дали покрај организации кои нудат пари и техничка подршка за добри бизнис планови, недостатокот на сретства е единствената пречка или проблемот може да се побара и во менталитетот ? Недостатокот на пари дефинитивно претставува проблем, смета Александар Ќурчиев, асистент на проектот „Градење на капацитетите за создавање на економија базирана на знаење“. Комерцијалните банки не се интересираат за бизнис плановите на почетниците, смета тој:

„На што мислам. Комерцијалните банки конкретно сеуште не се во фаза во која би можеле да финансираат проект, значи да
Комерцијалните банки конкретно сеуште не се во фаза во која би можеле да финансираат проект, значи да финансираат бизнис план, без да бараат хипотеки и други видови гаранции.
финансираат бизнис план, без да бараат хипотеки и други видови гаранции. Тоа недостасува, а тоа е еден многу битен момент во стартувањето на бизнис бидејќи потенцијал има меѓу младите луѓе, имаат знаење, ги исполнуваат сите претприемачки услови, но им фалат финансии.“

Недоволна едукација за водење на бизнис

Дел од проблемот секако може да се согледа и во подготвеноста на претприемачите, луѓето кои создаваат бизиси, додава Ќурчиев:

„Не можеме сеуште од нашите помлади генерации, дека од клупа веднаш ќе станат сопственици на бизнис, затоа што тоа е еден процес кој што генерациски треба да се набљудува, неможе да се смени размислувањето на луѓето на 22 години, ако до своите 22 години живееле во околина, семејство кое што едноставно неразмислува претприемачки.“

Луѓето се демотивирани и им недостасуваат практични вештини, смета Синиша Пекевски, маркетинг експерт и тренер на претприемачи:

„Не можеме да видиме каква е реалната ситуација, Скопје не ја отсликува ситуацијата како е во Македонија. Гледаме дека луѓето се многу демотивирани за водење на бизнис и дополнително праксата е на многу ниско ниво.“

Дури и теоретското знаење кое го имаат младите високообразовани кадри не е доволно за да се снајдат на пазарот, додава Пекевски:
Неможеме да видиме каква е реалната ситуација, Скопје не ја отсликува ситуацијата како е во Македонија. Гледаме дека луѓето се многу демотивирани за водење на бизнис и дополнително праксата е на многу ниско ниво.

„Она теорија што ја имаат е мала и сеуште неможат да се снајдат во условите кои што постојат во пазарната економија.“

Покрај центрите и бизнис инкубаторите, Владата заедно со Агенцијата за подршка на претприемништвото и Програмата за развој на обединетите нации (УНДП) годинава продолжува со програмата за самовработување. Програмските активности овој пат ќе се фокусираат, меѓу другото и на ромската заедница, информира Мерита Максути од УНДП.

„И Ромските информативни центри оваа година ќе бидат вклучени затоа што во мерката самовработување имаме како социјална група, невработени роми, како маргинализирана група која што ќе треба да влезе во тоа поголема вработеност и конкурентност на пазарот на трудот.“

За квалификуваните претприемачи, кои поминуваат низ обука, се издвојуваат 3.000 евра во денарска противредност, вели Максути и појаснува:

„Грант се однесува само на опрема и материјали во вредност од 3 000 евра, односно 185 илјади денари.“

Економската криза го погоди приватниот сектор

Покрај проектите , инкубаторите и центрите за подршка, останува само да се види како новите фирми издржаа во екот на економската криза, светски феномен кој секако би влијаел на идните перспективи на младите македонски компании. Според изјавите на
Потенцијална закана постои, тоа не е спорно. Една таква казна ќе затвори една фирма. Ако сте мала фирма не ќе можете да ја платите казната.
припадници на власта, лани во екот на економската криза, бројот на затворени фирми бил помал од бројот на новоотворени компании. Сепак, мора да се има предвид дека отворањето фирма не е доказ дека таа и ќе работи. Голем дел од сопствениците на новоотворени фирми, поради немање обртен капитал, всушност, не ги работат фирмите, но не ги ни затвараат, бидејќи за нивно официјално затворање лани беа потребни од 9.000 до 20.000 денари. Така бројот на фирми кои минатата година биле исклучени од платен промет во месец мај е за 80 отсто во споредба со истиот период 2008 година. Покрај се не треба да се заборави ни на казните за стопанството, за кои приватосопствениците сметаат дека се високи и строги. Според проценките на Сојузот на стопански комори, власта по сопанството „удира“ со повеќе од 150 законски одредени казни. Новооснованите бизниси не можат да претрпат толку строги санкции и многумина се плашат да основаат бизис поради казните, смета бизнисменот Карајков:

„Потенцијална закана постои, тоа не е спорно. Една таква казна ќе затвори една фирма. Ако сте мала фирма не ќе можете да ја платите казната.“

Според неофицијални проценки, од околу 70.000 активни фирми во државава, околу стотина заработуваат доволно за да ги покријат евентуалните казни без да стават катанец на врата.
XS
SM
MD
LG