Достапни линкови

logo-print

Безбедносна состојба во Куманово


Куманово

Куманово

По последните инциденти во кои дојде до физичка пресметка меѓу македонски и албански средношколци, исчезнувањето на деца Ромчиња, но и севкупно „подгреаната“ состојба на меѓуетнички план во Макеоднија, не ги плаши кумановци кои велат дека се чувствуаат безбедно. Најмногу ги плаши беспарицата.

Девет години по воениот конфликт во Кумановско-Липковскиот регион кумановци безбедносната состојба ја гледаат или оценуваат преку нивната економска обезбеденост. Тие сметаат дека ништо не ги плаши ,а и не веруваат дека ќе им се случи нешто полошо што ќе им ги загрози нивните или животите на нивните семејства од беспарицата. И како што велат, ако немаат пари за егзистенција –немаат ниту безбедност. Во спротивно тие не гледаат никаква закана.
Седумдесет години имам. За оваа Македонија сум направил се и се сум дал. Немам ниту пензија, ниту ништо. Мој другар во Швајцарија за 40 месеци заработил 70 илјади франци. Тоа е држава, а ова е ништо


Дали се чувствувате безбедни?

„Никако.“

Зошто?

„Седумдесет години имам. За оваа Македонија сум направил се и се сум дал. Немам ниту пензија, ниту ништо. Мој другар во Швајцарија за 40 месеци заработил 70 илјади франци. Тоа е држава. А ова е ништо. Полошо нема. Сум направил 70 години. Кој мене ќе ме напаѓа да ми го јаде гревот“, вели земјоделец од Липково.

Кумановци сметаат дека безбедносната состојба е нормална.

„За сега е добро. Од кого да се плашам!?“
Безбедноста во минатата и во првите месеци од оваа година е многу подобра. Се надевам дека така ќе биде и до крајот на 2010 и во идниот период

Иако двете исчезнати Ромчиња од кумановските населби Средорек и Бавчи сеуште не се пронајдени, а и тепачката на осмоодделенците од македонска и албанска националност се расчистува, кумановци сметаат дека тоа се инцидентни случаи и дека немаат влијание врз општата безбедност. Началникот на кумановската полиција Љубомир Ѓурчески исто така вели дека безбедносната состојба во првите месеци од оваа година е подобра во однос на претходната.

„Факт е дека кривичните дела со елементи на насилство, кражбите и дрските кражби се опаднати за 30 отсто. Безбедноста во минатата и во првите месеци од оваа година е многу подобра. Се надевам дека така ќе биде и до крајот на 2010 и во идниот период. Ова го велам за целиот регион, Куманово, Липково, Старо Нагоричино, Кратово, Ранковце и Крива Паланка.“

Ѓурчески додава:

„Безбедносната состојба и во ова време кога с ешпекулира за одредени активности на било какви структури, слободно можам да потенцирам дека е стабилна на целото подрачје“, вели првиот полицаец во Куманово.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG