Достапни линкови

Лидерската средба - За името и безбедноста


Од лидерска средба во Скопје, Април 2010

Од лидерска средба во Скопје, Април 2010

За претседателот Ѓорге Иванов, саботната лидерска средба во Јасен била можност за, меѓу другото, да се покаже дека има комуникација меѓу политичките лидери во Македонија. Лидерот на опозицискиот СДСМ Бранко Црвенковски, пак, забележува дека средбата била повеќе протоколарна, а помалку работна.

Разгледување на политичките процеси во Македонија и опкружуавањето, како и размена на информации за суштествени прашања и актуелните случувања беа тема на денешната неформална средба на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и на ДУИ. Неформалните средби се можност да покажеме и укажеме дека постои комуникација и оти секој проблем може да се решава доколку се разговара и преку дијалог се дојде до решение, рече по средбата претседателот Ѓорге Иванов.

„Во секојдневна комуникација сум со надлежните органи и секој си ја извршува обврската што ја има според законот. Затоа нема потреба да се свикува Советот за безбедност.“

Запрашан за спорот со соседна Грција, шефот на државата одговори дека медијаторот Метју Нимиц сериозно ја подготвува следната средба, бидејќи најверојатно сака да изнесе сериозен сет на идеи.
Во секојдневна комуникација сум со надлежните органи и секој си ја извршува обврската што ја има според законот. Затоа нема потреба да се свикува Советот за безбедност.

Премиерот Никола Груевски, пак, повторно изјави дека за предлозите од медијаторот Нимиц ќе биде распишан референдум.
Премиерот Никола Груевски и Претседателот Ѓорге Иванов

„Правиме се што е во наша можност прашањето за името да биде завршено. Сакаме да дојдеме до решение кое ќе биде прифатливо за граѓаните и кое ќе помине на референдум. Решавањето на името е од интерес на Македонија, а се надевам дека е од интерес и на Грција.“

За лидерот на ДУИ Али Ахмети евроатлантските перспективи се без алтернатива за Македонија.

„Во Македонија треба сите политички фактори да преземат одговорност за да се надмине проблемот со името, со прифатливо решение за сите засегнати страни. Не сакам да прејудицирам, ниту хипотетички да зборувам, но со оглед на ангажираноста на сите политички фактори очекувам дека ќе имаме добро и прифатливо решение.“

Првиот човек на СДСМ Бранко Црвенковски ја поздрави иницијативата за средба, но забележа дека „би било подобро ако средбата беше помалку протоколарна а повеќе работна“.

„Македонија се соочува со сериозни проблеми, економиајта е разорена, демократијата е загрозена, а меѓуетничките односи се влошени. Во последно време и безбедносната ситуација не е добра, што значи има теми за кои треба да се разговара. Ако оваа средба претставува само почеток на суштинска дебата ја поздравувам, но ако е обид само да се создаде привид за некаков политички дијалог и да се фингираат нормални политички релации, времето набрзо ќе покаже и мислам дека нема никому да му донесе никакво добро.“

На денешната средба не присуствуваа лидерите од партиите Нова Демократија и ДПА.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG