Достапни линкови

logo-print

Македонија и Косово координирано против криминалот


Министрите за внатрешни работи на Косово и Македонија

Министрите за внатрешни работи на Косово и Македонија

Инцидентите со запленувањето на оружјето и престрелките со криминалните групи кои зачестија во последно време во близина на македонско косовската граница можат да се спречат само со навремена и координирана акција на двете страни, заклучиле денеска министрите за внатрешни работи на Македонија и Косово.

Двајцата министри се договориле границата да биде бариера за нелегалната трговија со луѓе, оружје и наркотици и да ја зачестат контролата во планинските реони, каде дејствуваат криминалните групи. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска
Инцидентите од ваков тип секако дека креираат тензија и вознемиреност кај граѓаните и не треба да се потценуваат, но тие не претставуваат опасност за дестабилизација од поголем степен, ниту на Република Македонија, ниту на регионот пошироко.
вели дека луѓето не треба многу да бидат загрижени околу последните случувања:

„Инцидентите од ваков тип секако дека креираат тензија и вознемиреност кај граѓаните и не треба да се потценуваат, но тие не претставуваат опасност за дестабилизација од поголем степен, ниту на Република Македонија, ниту на регионот пошироко.“

Министерот за внатрешни работи на Косово Бајрам Реџепи, коментирајќи ги тврдењата дека забранетото оружје е од Косово, вели дека на Косово не треба да се гледа како на земја која извезува оружје и криминал

Комбето заробенои кај Радуша


„Ние не располагавме со многу информации, но можно е на Косово да има уште многу оружје од пост воениот период. Таа мрежа на трговија со оружје е развиена и може да се врши од Србија и Црна Гора. Не би сакал вие Косово да го оценувате како извозник на насилство и оружје и навремената и брза реакција меѓу нашите служби ќе доведе до спречување на такви нелегални активност. Оружјето може да е и од Македонија. Така што јас не сум убеден дека секогаш потекнува од Косово.“

Министерката Јанкуловска му дала список со имиња со криминални досиеја, за кои се претпоставува дека пребегале на Косово. Освен за координирани акции за безбедност на регионот, двајцата министри разговарале и за тоа како двете земји што побргу да станат членки на НАТО и ЕУ, а Македонија му понудила и помош на Косово за што побргу земјата да добие визна либерализација.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG