Достапни линкови

Меѓународната заедница ја поздравува акцијата на МВР кај Радуша


Изрешетаното комбе од инцидентот кај Радуша

Изрешетаното комбе од инцидентот кај Радуша

Претставниците на меѓународната заедница во нивните реакции за настанот кај Радуша сметаат дека станува збор за вооружени криминални елементи и ја поздравуваат акцијата на полицијата против нив. Сепак, евроамбасадорот Ерван Фуере бара од владата да посвети поголемо внимание на мултиетничкиот дијалог.

Четвртиот од убиените во акцијата на полицијата кај Радуша е Харун Алиу осуден на доживотен затвор за убиство на припадник на специјалните единици на МВР Тигри пред две години. Слични криминални досиеја имаат и останатите убиени во акцијата, поради што
МВР во текот на ноќта и утрово нема регистрирано никаков посериозен инцидент кој би ја загрозил безбедносната
состојба.
од МВР рекоа дека не станува збор за загрозена безбедносна состојба. Се уште се собираат податоци, која била намената на оружјето, но од МВР велат и дека овие криминални групи немаат поддршка во локалнотото население. Во текот на ноќта состојбата на теренот била мирна.

„МВР во текот на ноќта и утрово нема регистрирано никаков посериозен инцидент кој би ја загрозил безбедносната состојба“, изјави портпаролот на МВР Иво Котевски.

Амбасадорот на Обсе Хозе Луис Хереро

Амбасадорот на ОБСЕ во Скопје рече дека нивни мониторинг-екипи се на теренот во вообичаена за вакви ситуации набљудувачка мисија.
Многу е важно да има силна акција од двете страни на границата, и многу е важно дека овој настан ги преминува границите на земјата во кој се случи и важно е дека условите во акцијата се исти на двете страни и да нема никакви елементи на оправдување за вооружување и насилно однесување. Мислам дека за сега тоа е случајот.

„Многу е важно да има силна акција од двете страни на границата, и многу е важно дека овој настан ги преминува границите на земјата во кој се случи и важно е дека условите во акцијата се исти на двете страни и да нема никакви елементи на оправдување за вооружување и насилно однесување. Мислам дека за сега тоа е случајот.“

Во текот на денов, ДУИ ќе соопшти кои одлуки се донесени на централното претседателство кое што се одржа синоќа. Тогаш веројатно ќе се знаат попрецизно ставовите на оваа партија во врска со проблемите во владината коалиција кои што кулминираа деновиве, но и најновата безбедносна состојба по вооружениот инцидент во близината на Радуша. Во СДСМ и денеска молк откако и во текот на вчерашниот ден рекоа дека не сакаат да избрзуваат со коментари.

Евроамбасадорот Ерван Фуере во интервјуто за Радио Слободна Европа, по претходниот инцидент кај Блаце, рече дека е многу важно да се прави разлика меѓу тоа што се случува во парламентот и со политичкиот дијалог и она што се случува со безбедносната состојба на теренот.
Тоа што се случи на границата очигледно е група на криминалци, група на луѓе со криминални намери коишто во себе го немаат интересот на државата и ние ја поздравуваме операцијата на владините сили за справување со нив.
Амбасадорот на ЕУ Ерван Фуере

„Тоа што се случи на границата очигледно е група на криминалци, група на луѓе со криминални намери кои што во себе го немаат интересот на државата и ние ја поздравуваме операцијата на владините сили за справување со нив. Истовремено, ние постојано потенцираме дека Владата мора да посвети поголеми напори во тој мултиетнички дијалог, во креирањето на многу попозитивна клима и да инвестира во сите тие подрачја, има многу маргинализирани општини во чувствителните погранични подрачја со Косово, со Албанија и тн и мора да се вложат поголеми напори во економската инфраструктура“, изјави Фуере во интервјуто што ќе го емитуваме в недела.


Амбасадорот на САД Филип Рикер
САД ја поздравија, како што се вели во сооштението, успешната акција на полицијата против вооружени криминални елементи кои очигледно планирале акти на насилство против граѓаните на Македонија. Го
Ние постојано потенцираме дека Владата мора да посвети поголеми напори во тој мултиетнички
дијалог.
повторуваме нашиот цврст став против насилството и, како што беше кажано во заедничката изјава со другите претставници на меѓународната заедница на 27 април, го осудуваме насилството и тие што го промовираат, се наведува во писмената изјава на амбасадорот Рикер.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG