Достапни линкови

Соработка меѓу македонското и косовското министерство за одбрана


Специјална единица на АРМ
Специјална единица на АРМ

Министерот за одбрана на Македонија и министерот на косовските сили за безбедност Фехми Мујота го потпишаа договорот за соработка меѓу двете министерства. Двајцата министри оценија дека договорот ќе придонесе за зголемување на безбедноста во регионот.

Македонскиот министер за одбрана Зоран Коњаноски и министерот на косовските безбедносни сили Фехми Мујота, кој е во дводневна посета на Дкопје го потпишаа меморандумот за билатерална соработка меѓу двете министерства, со кој ќе се унапреди безбедноста на двете земји. Ние сме подготвени да му помогнеме на нашиот северен сосед, Косово во градењето на демократските и институциалните капацитети, вели Коњаноски.
Мислам дека ова ќе придонесе и во регионални димензии, во јакнење на капацитетот на регионот и сметаме дека во интерес на двете земји е да се потпише ваков меморандум за соработка.

„Имаме доволно искуство кое сметаме дека можеме да го размениме и со нашите соседи. Со кои, ако не со нашите први соседи. Мислам дека ова ќе придонесе и во регионални димензии, во јакнење на капацитетот на регионот и сметаме дека во интерес на двете земји е да се потпише ваков меморандум за соработка.“

Јас сум сигурен дека со потпишувањето на овој договор ќе се зголеми меѓусебната соработка. Договорот е за доброто на сите граѓани, а со неговото спроведување ќе се зголеми безбедноста во регионот и ќе допринесе во евроатланска интеграција на двете земји, вели Мујота.

„Граѓаните на Косово и Македонија мислам дека го поддржуваат и го очекуваа овој договор, кој е значаен чекор кон евроатланската интеграција на двете земји, за зајакнување на добрососедските односи, како и за сите други важни процеси. Овој договор значи дека ние даваме голем приоритет во градењето на меѓусебните односи и обезбедување на долготрајна стабилност.“
Граѓаните на Косово и Македонија мислам дека го поддржуваат и го очекуваа овој договор, кој е значаен чекор кон евроатланската интеграција на двете земји.

Мујота вели дека во регионот нивото на безбедност е подобро од кога било. Откако е ратификуван договорот за македонско косовската граница во октомври во мината година од страна на двата парламента, тој вели дека состојбата е стабилна.

„Како што знаете во еден рекорден рок се направи договор за демаркација на границата меѓу Македонија и Косова која секој ден се повеќе ќе наликува на границите на земјите од Европската Унија.“

Двете министерства ќе формираат комисии за изработка на билатерален план за нивните активности оваа година. Македонското министерство за одбрана ќе врши и обука на косовските безбедносни сили и образување на нивните кадри.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG