Достапни линкови

Ќе помогнат ли владините анти кризни мерки?


Според некои бизнисмени антикризните мерки на владата ќе имаат позитивен ефект за бизнис заедницата и тие бараат што побрзо ефектуирање. Некои од бизнисмените, пак, се жалат на слабата наплата и сметаат дека анти кризните мерки можат да направат многу малку.

Во одредени делови мерките ќе имаат позитивен ефект за бизнис зедницата меѓутоа тие треба што поскора да се ефектуираат. Ова се согледувањата на Сојузот на стопански комори по еден месец од донесувањето на четвртиот антикризен пакет. Нивните сугестии се однесуваат на измените на законот за двоен даночен ден кој треба да овозможи зголемување на ликвидноста на компаниите.
Еве конкретно ќе ви кажам, поместувањето на плаќањето на ДДВ од 15-ти на 25-ти. Тоа ние го баравме и тоа е одлично. Значи, во оваа фаза сеуште во месец март, односно април не профункционира.

„Еве конкретно ќе ви кажам, поместувањето на плаќањето на ДДВ од 15-ти на 25-ти. Тоа ние го баравме и тоа е одлично. Значи, во оваа фаза сеуште во месец март, односно април не профункционира“, изјави Митко Алексов од Сојузот на стопански комори.

Тие очекуваат дека измените на законот ќе поминат во собраниска процедура и дека ќе профункцинираат во мај. Во минстерството за финансии велат дека измените во законот се во владина процедура, а потоа за решенијата треба да се изјаснат и пратениците во Собранието, по што истите може да стапат во сила. Компаниите сега плаќаат до 15-тиот ден во месецот, данок на додадена вредност, персонален данок и придонеси, а со измените ќе може да се плаќа на 25-от ден во месецот, што значи дека ќе може повеќе пари да задржат во текот на месецот. Дел од четвртиот пакет мерки, се и подобрување во делот на законот за градење и законот за урбанистичко планирање и најголем дел од забелешките што беа изнесени од страна на грдежната комора се вградени во самите закони
Почнуваат да се имплементираат, така што резултатите во градежништвото ќе дојдат подоцна. Очекувањата позитивни максимално.

„Почнуваат да се имплементираат, така што резултатите во градежништвото ќе дојдат подоцна. Очекувањата позитивни максимално.“

Сеад Кочан, претседател на градежната комора, очекува од овие мерки да им се даде предност на домашните компании на тендерите, да се поедностават административните бариери, но и да се лобира за отворање на странските пазари. Но, незобиколен е впечатокот дека кризата ги покажува слабостите на економијата. Антикризните решенија на владата за стопанството може да направат многу малку, коментира Љупчо Дреноксни претставник од живинарската индустрија.
Се заради тоа што претходните мерки како такви или состојбата во која се наоѓаме не можат да дозволат фирмите да го работат тоа што нормално да работат.

„Се заради тоа што претходните мерки како такви или состојбата во која се наоѓаме не можат да дозволат фирмите да го работат тоа што нормално да работат. Не можете вие со намалување на некој данок, кога наплатата ви оди многу тешко да сторите нешто за вашето работење.“

Четвртиот антикризен пакет вклучува 23 мерки од кои повеќе од половината беа директни предлози на Сојузот на стопанските комори. Станува збор за комбинација од антикризни и социјални мерки кои ги донесоа неколку минстерства, меѓу кои за економија, за финансии за земјоделство и за транспорт.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG