Достапни линкови

Беспарица


Македонија излезе од рецесија - пари нема...

Македонија излезе од рецесија - пари нема...

ПИОМ се закани дека присилно ќе наплаќа долг од стопанството. Од друга страна, стопанствениците се жалат дека и државата им должи. Според експертите, се црпат средства од сите страни во буџетот, но многу малку се вложува за развој на стопанството, па негативните последици допрва следуваат.

Фондот за ПИОМ го објави соопштението недолго по промоцијата на четвртиот пакет антикризни мерки. Во него се наведува дека доколку правните субјекти не ги подмират заостанатите придонеси, државната институција, согласно законските регулативи, ќе пристапи кон присилна наплата. Од тука се поставува прашањето зошто власта, откако со промоцијата на антикризни мерки го осозна постоењето на криза во стопанството, токму сега најавува уште една присилна наплата?

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески вели дека власта треба да соработува со приватниот сектор.
Имено, од банките се извлекоа парични средства кои не можеа да се вложат во стопанството се вложуваа во обврзници. Обврзниците одеа во буџетот, царините одеа во буџетот, се одеше во буџетот, а многу мал дел се користи за стопански развој, а последиците ќе бидат дури кон крајот на годинава и целата 2011 година.

„Овие активности коишто во меѓувреме се преземаат за наплата од сите страни веројатно се во согласност со законските решенија, така што ние не можеме сега, додека да дојдеме до решенија да ги запреме сите плаќања, треба државата нормално да функционира, а владата и асоцијациите да најдат решение што ќе биде во интерес и на компаниите и на државата.“

Новото предупредување на власта доаѓа во услови кога самата Влада му должи пари на приватниот сектор. И додека од власта не откриваат колку точно му должат на приватниот сектор, од каде присилно наплатуваат, од Стопанската комора велат дека соработуваат со власта за да се реши ова прашање:

„И додатен притисок и додатна аргументација да ја убедиме владата дека е добро да има меѓусебни пребивања, автоматски со донесување закон, почитување на директивата на ЕУ од 2000 година за начинот на подмирување на обврската.“

Во теорија, парите од Буџетот кој се полни со парите на народот, се реинвестираат во стопанството и во јавните институции кои обезбедуваат бенефиции за граѓаните. Во земјава парите од народната каса не се реинвестираат за подршка на стопанството, вели професорот Тихомир Јовановски.

„Имено, од банките се извлекоа парични средства кои не можеа да се вложат во стопанството, се вложуваа во обврзници. Обврзниците одеа во буџетот, царините одеа во буџетот, се одеше во буџетот, а многу мал дел се користи за стопански развој, а последиците ќе бидат дури кон крајот на годинава и целата 2011-година.“

Останува спорно од каде власта ќе изврши присилна наплата. Јовановски смета дека во стопанството има се` помалку пари.

„Се намалија износите за добивка во претпријатијата, се намалија износите заштедени кај граѓаните и можноста за создавање домашна акумулација се намалува.“
XS
SM
MD
LG