Достапни линкови

Владата со нов анти - кризен пакет


Прес на влада на РМ - архива

Прес на влада на РМ - архива

Македонската влада денеска го објави нов пакет анти-кризни мерки, усвоен на синоќешната седница на Владата. Станува збор за 24 антикризни мерки, кои се однесуваат на областите на даночната политика, кредитната политика, земјишната политика, имотно правните прашања, земјоделството, градежништвото, социјалната политика

Измена на законот за данок на додадена вредност , односно фирмите наместо на 15-ти ќе треба до 25- тиот ден во месецот да си ги платат давачките. За 30 проценти се намалува надоместот за приватизација на градежно земјиште за правните лица. Подобрување на условите за користење на кредитите од Европската инвестициона Банка и Македонската Банка за подршка и развој. Ова се дел од антикризните мерки што ги соопшти денеска Владата.
Премиерот Никола Груевски изјави дека овие 20тина мерки кои се однесуваат на даночната, кредитната, земјоделската и градежничката област, ќе придонесат за стимулирање на растот и развојот на земјата и ќе помогнат во подигнување на конкурентноста на македонската економија во долгорочен план.Тој посочи дека новите антикризни мерки нема да дадат некој спектакуларен резултат, бидејќи, како што изјави, главните мерки веќе се преземени во 2009 година и тие во голема мерка им помогнале на фирмите.

Средба со бизнисмените

Инаку, владата вчера ги ислуша предлозите на Стопанските комори за новиот пакет антикризни мерки, а по средбата со бизнисмените вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски изјави

,,Целта на денешната средба е уште еднаш да видиме кои се реакциите на бизнис заедницата на она што имаме намера да го предложиме и евентуално да направиме некакви корекции додека за тоа има можност."

Што мислат Коморите?

Со новите мерки нема да се случи нешто спектакуларно во економијата - тоа не може ни да се очекува, вели претставникот на Сојузот на стопански комори Мирче Чекреџи:

,,Не протече ,,мед и млеко" и се разбира дека останаа уште прашања за кои разговараме интензивно, кои ја мачат бизнис заедницата. Прашања од системски карактер, прашања од административно судски, од економски итн."

Предлог мерки до владата достави и Стопанската комора на Македонија. Мерките се насочени кон подобрување на бизнис амбиентот во земјава, вели Јелисавета Георгиевска:
Не протече ,,мед и млеко" и се разбира дека останаа уште прашања за кои разговараме интензивно, кои ја мачат бизнис заедницата

,,Можеме да видиме фид бек од страна на Владата, дека има позитивно размислување за прифаќање на голем број на истите."

Но, се чини дека никој од бизнис заедницата не е информиран што ќе се вклучи во конечната верзија на четвртиот пакет антикризни мерки. Сепак, стопанствениците коментираат дека претходните мерки не создале осетливи ефекти. На Македонија и се потребни поагресивни мерки, вели бизнисменот Ристо Гуштеров:

,,Мислам дека треба да се оди со поагресивни анти кризни мерки, давање на бенифиции на извозните претпријатија, односно стимулации и треба да се размислува во менувањето на монетарната политика во однос на доларот што ќе помогне на многу претпријатија коишто извезуваат на доларското подрачје."

вели Гуштеров.
XS
SM
MD
LG