Достапни линкови

Дали ќе се зголеми моќта на руската Федералната безбедносна служба ?


Руските власти размислуваат за закон со кој би се зголемила моќта на Федералната безбедносна служба. Доколку се усвои предлог законот, припадници на службата ќе добијат право да повикуваат поединци на информативни разговори, да предупредуваат лица кои се инволвирани во антивладини активности и да ги апсат доколку нема послушност. Од руската влада се надеваат дека предлог законот ќе придонесе во борбата против екстремизмот. Лидерот на руската опозиција Сергеи Митрокхин, пак, во изјава за Радио Слободна Европа смета дека законот е реакција на зачестените антивладини протести во земјата.
XS
SM
MD
LG