Достапни линкови

Назначен нов шеф на Авганистанската изборна комисија


Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи именуваше нов шеф на државната изборна комисија. Портпаролот на претседателот Вахед Омар рече дека Фазел Ахмед Манави ќе биде првиот човек на независното тело задолжено за надзор на изборниот процес. Манави е наследник на Азизулах Лодин кој, соочен со обвинениа за изборен фалсификат на минатогодишните избори во земјата, беше отстранет од челното место на државната изборна комисија.
XS
SM
MD
LG