Достапни линкови

Потпишан меморандум за разбирање меѓу Македонија и Косово


Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Коњановски и министерот на безбедносните сили на Косово Фехми Мујота, потпишаа Меморандум за разбирање меѓу двете министерства, како основа за отпочнување на билатералната соработка. Мујота и Коњановски најавија дека соработката ќе се одвива првично во делот на военото здравство и заеднички вежбовни активности, а врз основа на меморандумот ќе бидат формирани и комисии кои ќе го прецизираат билатералниот план за соработка за 2010 година. Мујота оцени дека безбедносната состојба во регионот во моментот е многу подобра од кога било.
XS
SM
MD
LG