Достапни линкови

Телото на Качинска пристигна во Полска


Посмртните останки на Марија Качинска пристигнаа во Варшава денеска. Нејзиниот ковчег ќе биде поставен до нејзиниот сопруг на плоштадот во главниот град на Полска. Жителите на земјата, кои веќе трет ден жалат по покојниот претседател Лех Качински, ќе можат да се простат од загинатите. На плоштадот во Варшава се собрани повеќе од 22.000 луѓе. Претседателот Качински и првата дама на Полска се меѓу деведесет и шестмината загинати во уривањето на леталото марка „Тупоњев“ во градот Смоленск, Русија.
XS
SM
MD
LG