Достапни линкови

Апел од ОН за спас на Аралското море


Пресушувањето на Аралското море е една од најшокантните катастрофи на планетата, изјави генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун. Тој во рамкиите на турата на централноазиските земји, денеска беше на хеликоптерска тура на морето. Бан ги повика лидерите од регионот да ја зајакнат соработката за решавање на еколошките проблеми. Аралското море некогаш беше четврта по големина водена површина на Земјата. Кога советскиот сојуз го интензивираше производството на памук во регионот, воденото тело изгуби близу 90 проценти од површината.
XS
SM
MD
LG