Достапни линкови

Извозот на јагнешко без проблеми


Извозот на јагнешко месо во очекување на Велигденските празници се одвива без проблеми, односно планираното количество е веќе продадено, велат од Асоцијацијата на земјоделци и од Кланиците. Најголемиот дел од македонското јагнешко месо се извезува во Италија, дел во Грција, како и во некои земји од соседството.

Извозот на јагнешко пред велигденските празници се одвива според очекувањата и покрај првичните проблеми со дозволите за пласман во земјите од Европската Унија. Сите јагниња се продадени, велат од Европската Унија и од Асоцијацијата на земјоделци и од кланиците низ земјава. Откупните цени на јагнињата оваа година се движат од 135 до 145 денари за килограм жива мера. Најголемиот дел од македонското јагнешко месо се извезува во Италија. Кланицата ,,Горни Полог“ има сертификат од Европската Комисија за колење и обработка на јагниња за извоз. Насуф Саити од кланицата вели дека во странските земји има интерес за нашето јагне и дека
Побарувачката е добра, има интерес од страна на Италија и дел во Грција. Побарувачката е малку поголема, отколку понудата, се одвива добро, цената е постабилна отколку другите години.
побарувачката е поголема од нивниот капацитет.

„Имаме извезено околу 30 до 35 илјади за овие десетина дена. Побарувачката е добра, има интерес од страна на Италија и дел во Грција. Побарувачката е малку поголема, отколку понудата, се одвива добро, цената е постабилна отколку другите години.“

Проблем со извоз имаа оние кланици кои не ги исполнија условите на Европската Комисија и поради тоа тие стравуваа дека нема да ги продадат јагнињата вели претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев. Но, тие успеаа своите јагниња да ги пласираат во другите земји кои не се членки на Унијата, како што е Хрватска и веќе сите планирани количини се продадени, вели тој.

„Нашето стравување дека ќе остане нашето јагне, за наша среќа не се оствари и целото планирано количество се извезе. Кај нас цената
Нашето стравување дека ќе остане нашето јагне, за наша среќа не се оствари и целото планирано количество се извезе.
се движеше од 135 до 140 денари, што е под очекувањата на сточарите, меѓутоа тоа е повторно подобро, отколку да останеше јагнето во Македонија.“

И од Министерството за земјоделство соопштуваат дека извозот на јагнињата е во тек и дека нема проблеми со пласманот. Министерството оваа година за сточарството издвои субвенции од околу 27 милиони евра. Тие им доделија по 90 денари од грло на оние сточари кои имаат над 30 грла. Според податоците на Управата за ветеринарство околу 195.000 јагниња биле пласирани на странските пазари за Велигден во минатата година. Најмногу од нив завршиле во Италија, а мал дел во Грција, Хрватска и во Босна и Херцеговина.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG