Достапни линкови

logo-print

Проблеми со ХАСАП системот во сточарството


Воведувањето на ХАСАП системот во сточарството во Дебарскиот регион ќе биде тешко, поради сеуште номадското одгледување на овците, а и немањето услови во бачилата. Според експертите тешко дека може да се очекува производство на сирење по ХАСАП стандардите.

Номадското огледување на овците и условите во бачилата во Дебарско - жупскиот регион во кој има над 30 илјади овци, ќе бидат главна пречка за овчарството и производството на сирењето во овој регион на Македонија, во влегувањето во ХАСАП системот. Ова го тврдат експерти по сточарство и овчарство во овој регион во кој има над 25 квалитетни планински пасишта и услови за дуплирање на бројот на овците.

,,Нашите сточари не се многу информирани и чуствуваат страв бидејќи кога слушаат од медиумите за стандардите кои се потребни за
Има проблеми со капацитетите за снабдувањето со вода, потоа проблем со електричната енергија, со патиштата. Така што во 90% од тие бачила непостојат скоро елементарни услови за производство на сирење што ќе ги исполни тие ХАСАП стандарди
да се примени ХАСАП системот во производството на сирењето, стравуваат дали ќе ги исполнат."

вели Диаз Таировски претседател на невладината организација ,,Бело стадо,, инаку организација која исклучиво се занимава со развојот на овчарството во овој регион. Според Таировски за да се примени ХАСАП системот во производството на сирење неоходно е подобрување на инфраструктурата во бачилата.

,,Има проблеми со капацитетите за снабдувањето со вода, потоа проблем со електричната енергија, дури самиот пристап со патишта е многу слаб. Така што во 90% од тие бачила непостојат скоро елементарни услови за производство на сирење што ќе ги исполни тие ХАСАП стандарди."

Нагласува таировски.
Здружението ,,Бело јагне,, кое дејствува во овој западен регион на нашава земја превзема бројни активности за да се подготват услови за примена на ХАСАП системот, но воедно смета дека неоходно е со свои активности да се вклучат и другите надлежни фактори. Таировски вели дека регионот изобилува квалитетни. Според него се работи со сточарите да се информираат во детали на наведената проблематика со цел да се превземаат сите мерки за да се подготват за производство на производи во согласност со ХАСАП системот. Но, се изнесува оценката дека неоходно е вклучување и на другите фактори во оваа насока.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG