Достапни линкови

Груевски се сретна со Бузек и Ромпуј


Македонскиот премиер Никола Груевски денеска се сретна со претседателот на Советот на ЕУ Херман Ван Ромпуј и со претсeдателот на Европскиот парламент Јиржи Бузек, а во тек е состанокот со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, пренесува новинската агенција МИА. На средбите присуствувал известувачот за Македонија Зоран Талер кој потоа изјави дека идејата за средба меѓу Груевски и грчкиот премиер Јоргос Папандреу e позитивна. Toj додаде дека тешко е да се искажат очекувања од средбата затоа што , како што вели, не знаеме дали се извршени конкретни обиди да се најде решение за проблемот. Талер истакна дека и Груевски и Папандреу досега дале повеќе ветувања дека и двете страни се подготвени да се реши проблемот и изрази надеж дека за време на шпанското претседателство, Македонија ќе почне преговори за членство во Унијата. Талер смета дека сега е потребен компромис кој нема да биде наметнат од страна, туку ќе биде постигнат од премиерите на двете засегнати земји.
Премиерот Груевски изјави дека побарал од Ромпуј колку што е можно да учествува и да влијае за забрзување на овој процес.



XS
SM
MD
LG