Достапни линкови

logo-print

Средба на министрите за одбрана, Коњановски - Јелушиќ во Љубљана


Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Коњановски кој престојува во тридневна официјална посета на Словенија, денеска во Љубљана ќе се сретне со неговата словенечка колешка Љубица Јелушиќ.
За време на посетата, министерот Коњановски ќе има средби и со претседателот на Одборот за одбрана во словенечкиот Парламент Јожеф Јеровшка, како и со претставници на македонските културни друштва во Словенија и на Словенечко-македонскиот деловен клуб.
На средбите, покрај за билатералната соработка, ќе се разговара и за актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот, како и за натамошните активности на Република Македонија на патот кон НАТО и Европската Унија
XS
SM
MD
LG