Достапни линкови

Масовни протести во Тајланд против диктатурата


Речиси 100 илјади демонстранти во Банкок бараат тајландската влада да се повлече и за 24 часа да распише нови избори. Следбениците на „Обединет фронт за Демократија“, облечени во црвени блузи протестираат денеска против дикататурата на актуелниот премиер Абхисит Веџаџива. Демонстрантите кои го подржуваат поранешниот премиер Таксин Шинаватра сакаат тој да се врати на власт со предвремени избори. Шинаватра беше симнат од премиерската функција со државен удар пред 4 години.
XS
SM
MD
LG