Достапни линкови

Русија се двоуми за Иран


Русија ќе ги разгледа своите позиции за продажба на антиракетен систем на Иран. Министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека „се уште има прашања за кои треба да се договорат“. Тој додаде дека Русија никогаш не презема акции со кои може да доведат до дестабилизација на одредени региони или пак што не се во согласнот на законите и меѓународните обврски. Продажбата на антиракетниот систем на Иран е осетлива тема за односите на Русија со Израел пренесуваат новинските агенции, затоа што неодамна изрелскиот премиер побара од Москва да спроведе санкции кон Иран .
XS
SM
MD
LG