Достапни линкови

Отворањето на зимската Олимпијада во знак на починатиот грузиски спортист


Цермонијата на отворањето на Олимписките игри во Ванкувер беше посветена на грузискиот репрезентативец во санкање Нодар Кумариташвили, кој загина на тренингот на денот на отворањето на игрите. Тој ја загуби контролата врз санката која се движеше со 145 километри на час и по ударот со главата во метален столб беше пренесен во болница каде што почина. На зимските Олимписки игри во Ванкувер учествуваат над 2.500 спортисти од 82 земји во светот.
Претседателот на Меѓународниот Олимписки Комитет Жак Рог и Претседателот на Организациониот Комитет Џон Фурлонг ги повикаа спортистите да се натпреваруваат во сеќавање на настраданиот Нодар Кумариташвили.
XS
SM
MD
LG