Достапни линкови

Денис Блер: Кина ги шири шпионските активности во САД


Директорот на американските Национални разузнавачки служби Денис Блер изјави дека Кина ги проширила своите шпионски активности во САД. Во своето писмено сведочење пред Конгресот, Блер наведе дека Кина во минатата година го зголемила бројот на разузнавачки операции против САД, и оти продолжила да ги проширува и надвор и во Америка. Американско- кинеските односи станаа напнати по минатонеделната објава на администрацијата на претседателот Барак Обама дека на големиот кинески ривал Тајван ќе му продаде вооружување вредно 6 милијарди и 400 милиони долари.
XS
SM
MD
LG