Достапни линкови

logo-print

Саркози: банкарите мора да ги сменат правилата


Францускиот претседател Никола Саркози на светскиот економски форум во Давос изјави дека мора да се променат банкарските правила, затоа што во спротивно целиот свет ќе преземе голем ризик за својата иднина. Новите правила мора да вклучат книговодствени прописи и ограничување на платата на раководителите, вели Саркози. Тој го критикуваше и концептот на слободна трговија, кој според него ја ослабува демократијата. Саркози најави дека наредната година, кога Франција ќе претседава во групата 8 најразвиени земји во светот, на маса ќе ги стави реформите на меѓународниот монетарен систем.
XS
SM
MD
LG