Достапни линкови

Холивуд - 8 милиони долари за атентаторот Али Агџа за неговата приказна


Холивуд на Мехмет Али Агџа, кој во 1981 година се обиде да убие папата Јован Павле Втори, му понуди договор во висина од осум милиони долари за неговата приказна, потврди адвокатот на Агџа, Јилмаз Абошоглу.
Тој наведе дека Агџа се уште нема потпишано договор со ниту една компанија иако претходно изјави дека ќе ги продаде своите мемоари за неколку милиони долари и оти дава интервјуа само ако му се плати за истите.
Адвокатот на Агџа наведе дека тој планира заедно со американскиот писател Ден Браун да напише продолжение на романот „Кодот на Да Винчи“ под наслов „Кодот на Ватикан“, а потоа книгата да биде екранизирана.
Агџа денеска ќе беше ослободен од затвор во Турција.
XS
SM
MD
LG