Достапни линкови

Мариа де Лара: Македонија ќе биде на агендата на ЕУ


Прашањето за отворање на преговорите за членство меѓу Македонија и ЕУ ќе биде на агендата на шпанското преседателство, рече в.д. амбасадорката на Шпанија Марија Анхелес Гарсија де Лара во обраќањето пред собраниската Комисија за европски прашања на Собранието на Македонија, претставувајќи ги приоритети на нејзната земја како актуелен претседавач со ЕУ.
Пред собраниската Комисија за европски прашања се обрати и евроамбасадорот Ерван Фуере кој повика Македонија да продолжи со реформите на дневна основа за да ги исполни условите за членство. Меѓу работите кои и преостануваат, Фуере ги спомна и донесувањето на законот против дискриминација, измените на Деловникот за работа на Собранието, а ја подвлече и, како што рече, виталната улога на Националниот совет за евроинтеграции како тело кое има значајна улога во промовирањето на европската агенда на Македонија.
XS
SM
MD
LG