Достапни линкови

logo-print

Гугл се повлeкува од Кина?


Големата интернет компанија Гугл соопшти дека ќе ја прекине цензурата на пребарувачките резултати во Кина и може целосно да се повлече од кинескиот пазар поради наводните хакерски напади врз имејл адресите на кинески активисти за човекови права. Гугл директно не ја обвини кинеската влада за вмешаност во нападите, но соопшти дека поради инцидентите веќе не е подготвен да ја продолжи цензурата на резултатите на својот кинески пребарувач. Пред четири години Пекинг побара цензура со цел да се намали протокот на информации кои биле непристојни за комунистичкиот режим.
XS
SM
MD
LG