Достапни линкови

Критики до молдавската полиција за нередите по парламентарните избори


Советот на Европа упатиј критика до молдавската полиција за тоа како се справила со нередите, кои избија по спорните избори во Април. Победата на Комунистичката партија на парламентарните избори предизвика насилни демонстрации во главниот град Кишињев, при кои животот го загубија најмалу 2 лица, десетина беа ранети, а скоро 200 уапсени. Експертите од комитетот за спречување на тортура при посетата на Молдавија во јули соопштиле дека пронашле веродостојни тврдења за полициското малтретирање на осомничените. Експертите предложиле да се формира независна агенција за да ги испита тие случаи.
XS
SM
MD
LG