Достапни линкови

Во Јемен, 10 шиитски бунтовници осудени на смрт


Судот во Јемен осудил на смрт 10 шиитски бунтовници, поради тоа што извршиле вооружен напад на војската. Властите во Јемен 5 години се борат со шиитските бунтовници на северот на земјата. Бунтовниците се жалат дека Владата ги игнорира нивните потреби. Судовите во Јемен досега осудиле 47 бунтовници за вооружани напади против државата, од кои 14 на смрт, а уште 90 чекаат судење.

XS
SM
MD
LG