Достапни линкови

logo-print

Обама повика на борба против климатските промени


Американскиот претседател Барак Обама денеска го повика светот на борба против климатските промени. Неуспехот во справувањето со овој проблем може да доведе до неповратна катастрофа во наредниве години, рече Обама.
Зборувајќи на Самитот за глобално затоплување на Обединетите нации, Обама ги истакна активностите на неговата администрација за борба против климатските промени, но не понуди нови предлози.
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун оцени дека ако оваа година не се постигне нов договор за борба против глобалното затоплување, тоа би било „морално неперостливо“.
XS
SM
MD
LG