Достапни линкови

Србија наскоро ќе поднесе кандидатура за членство во ЕУ


Постои можност Србија до крајот на годината да поднесе кандидатура за членство во ЕУ, изјави министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ, пренесува агенцијата БЕТА. Јеремиќ истакнал дека за Србија поднесувањето на кандидатура е стратегиски важна, пресудна и судбоносна одлука со која Србија се става на патот кон ЕУ. Шефот на српската дипломанија рекол дека до поднесувањето на кандидатурата ќе работат на остранување на сите пречки, меѓу кои ќе ја подобрат и соработката со хашкиот трибунал.
XS
SM
MD
LG