Достапни линкови

Одложено ослободувањето на новинарот кој го нападна Буш


Ослободувањето на ирачкиот новинар Мунтадар Ал Заиди, кој лани се обиде со неговите чевли да го погоди поранешниот американски претседател Џорџ Буш на прес конференција, е одложено. Тој е девет месеци во затвор, а според неговиот брат нема да биде ослободен до утре. Милиони луѓе го гледаа Заиди кој на овој начин се реши на да го покаже својот револт поради жртвите во Ирак. Тој беше осуден на три години поради напад на шеф на странска држава, но неговата казна потоа беше намалена.
XS
SM
MD
LG