Достапни линкови

Нетанјаху ја почнува европската турнеја


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во Лондон ќе се сретне со својот британски колега Гордон Браун, на стартот на неговата четиридневна турнеја во Европа. Нетанјаху исто така ќе разговара и со специјалниот пратеник на САД за Блискиот Исток Џорџ Мичел, пред да отпатува за Берлин каде што ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел. Тема на разговорите ќе бидат мирот на Блискиот Исток и меѓународните напори да се спречи нуклеарното вооружување.
XS
SM
MD
LG