Достапни линкови

Во бомбашки напади во Ирак 36 загинати


Најмалку 36 ирачки шиити биле убиени во денешниот бран бомбашки напади во Ирак. Во најсмртоносниот напад, во кој биле убиени најмалку 30 луѓе, а 70 повредени, еден маж активирал експлозив во својот автомобил во близина на шиитската џамија во ал Рашидија, кај градот Мосул, соопшти полицијата. Во други три бомбашки напади во Багдад, загинале уште шестмина шиитски муслимани.
XS
SM
MD
LG