Достапни линкови

logo-print

Медведев: НАТО сфаќа оти не треба да ги „вовлекува“ Грузија и Украина


Претседателот на Русија Дмитриј Медведев рече дека НАТО почнува да сфаќа оти не треба да ги „вовлекува“ Грузија и Украина во тој воен сојуз. Тој рече дека Русија смета оти „не е исправно некои земји да се вовлекуваат во воени и политички сојузи, спротивно од волјата на граѓаните“. Потпретседателот на САД Џо Бајден неделава ги посети Грузија и Украина и изрази подршка на нивните напори да се оттргнат од руското влијание и да пристапат на НАТО.
XS
SM
MD
LG