Достапни линкови

logo-print

Дејвис Куп: Белорусија - Македонија 2:1


Со победата во двојки денеска во Минск тениската репрезентација на Белорусија води против Македонија со 2:1 откако Александар Бури и Макс Мирњи ја оправдаа улогата фаворити и со сигурни 3:0 во сетови ги совладаа нашите тенисери Димитар Грабулоски и Лазар Магдинчев. Белоруската двојка беше доминантна добивајќи ги сетовите со 6:1, 7:6 и 6:1. За опстанок во оваа зона на македонската репрезентација и се потребни две победи во утрешните сингл мечеви. Први на теренот во 9 часот треба да се појават Димитар Грабулоски и Уладзимир Игнатик, а потоа е планиран дуелот Лазар Магдинчев – Андреј Василевски. Победникот од овој меч ќе обезбеди опстанок во првата Евро-африканска зона, додека поразениот во септември ќе гостува кај Словачка во уште еден натпревар оваа година.
XS
SM
MD
LG