Достапни линкови

Издадена дозвола американски авиони да ја прелетуваат Русија


Русија даде дозвола американски авиони да го користат рускиот воздушен простор за транзит на американски војници и оружје во Авганистан. Одлуката е донесена врз основа на договор кој беше најавен денеска за време на средбата меѓу рускиот Претседател Димитриј Медведев и американскиот Претседател Барак Обама. Двајцата претседатели постигнале осум договори на денешната средба во Москва, вклучувајки и договор за намалување на нуклеарниот арсенал на двете земји.
XS
SM
MD
LG