Достапни линкови

Пуштен во употреба дел од автопатот Драч - Кукс


Премиерите на Албанија и на Турција, Сали Бериша и Реџеп Таип Ердоган, денеска го пуштија во употреба автопатот кој го поврзува албанското пристаниште Драч со северниот град Кукс, на албанско-косовската граница. Како што јави МИА, автопатот, чија изградба треба да заврши следната година, e пуштен во еден правец. На свеченото пуштање во употреба на автопатот присуствуваа десетина илјади граѓани, од Албанија и од Косово. На настанот, и покрај најавите, не присуствуваше косовскиот премиер Хашим Тачи.
XS
SM
MD
LG