Достапни линкови

Бомба на пазар во Багдад - 4 загинати


Четворица загинаа, а десетмина се ранети во експлозија на бомба на пазар во Багдад. Ирачката полиција информира дека експлозијата се случила во јужниот дел на градот во населбата Дора. Верските тензии се високи во претежно сунистките области со шиитски енклави. Според статистичките податоци на ирачката влада, бројот на цивили убиени во насилства во Мај годинава бил најнизок од почетокот на американската инвазија во 2003 година.
XS
SM
MD
LG