Достапни линкови

logo-print

Изборната комисија во Турција соопшти податоци за парламентарните избори


На парламентарните избори во Турција на 12 јуни ќе учествуваат 15 партии со 7.492 кандидата, соопштија од Државната изборна комисија. На изборите ќе учествуваат 203 независни кандидати. Бројот на избирачи е 50 милиони 189.930 луѓе, а во странство ќе гласаат два милиона 568 977 Турци. Ќе се гласа на 199.207 изборни места, а податоци за местото на гласање ќе бидат објавени и на интернет. На 12 јуни во Турција ќе се одржат паралментарни избори на кои според анкетите, во предност е владејачката Партија на правдата и развојот, која би можела да добие трет мандат.
XS
SM
MD
LG