Достапни линкови

Македонска делегација на Парламентарно Собрание на НАТО


Делегација на Собранието на Република Македонија денеска во Рим ќе учествува на седница на Парламентарното собрание на НАТО, по повод одбележувањето на 60-годишнината на Алијансата. Седницата е поделена во две сесии со следните теми „Од почеток до транзиција: паѓањето на ѕидот, новите држави во Алијансата и актуелните операции“ и „Иднината на НАТО кон мултиполарниот свет по Самитот на НАТО во Кел и Стразбур“. На седницата ќе учествуваат околу 200 пратеници од 38 делегации на земјите- членки на НАТО и земјите со асоцијативен статус во Партнерството за мир кои промовираат и развиваат екстензивна програма за партнерство и политички дијалог уште од паѓањето на берлинскиот ѕид.
XS
SM
MD
LG