Достапни линкови

Самит на ЕУ во Брисел за економската криза


Лидерите на Европската Унија денеска и утре во Брисел ќе расправаат за начините за излез од економската криза. Претседателите на држави или влади на земјите членки на Унијата се надеваат дека ќе изградат заеднички став пред самитот на Групата 20 најразвиени економии, што ќе се одржи во почетокот на април во Лондон. Се очекува договор за зголемување на ресурсите на Меѓународниот Монетарен Фонд, подобра регулација на финансиските пазари, но и противење на идејата за инјектирање повеќе пари во економијата. Европската Унија најави дека ќе издвои вкупно 400 милијарди евра, во наредните две години, за економско заздравување, но ставот на Соединетите Држави е дека тоа не е доволно.
XS
SM
MD
LG