Достапни линкови

logo-print

Истанбул: Турскиот премиер дочекан од илјадници луѓе откако го напушти Форумот во Давос


Илјадници луѓе рано изутрината на аеродромот во Истанбул го пречекаа турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој синоќа, на Светскиот Економски Форум во Давос, имаше остра дебата со израелскиот преседател Шимон Перез. Ердоган реагираше на обраќањето на Перез, кој ја бранеше три-неделната израелска офанзива во Појасот Газа. Ердоган демонстративно го напушти Форумот, но изјави дека тоа не го сторил поради разликите со Перез, туку поради тоа што организаторот на дебатата не му дал доволно време за дискусија. И израелскиот претседател Перез изрази надеж дека нема да бидат нарушени односите со Турција.
XS
SM
MD
LG