Достапни линкови

Атина: Опозиционерот Папандреу кај Дора Бакојани пред средбата со Нимиц


Лидерот на ПАСОК Јоргос Папандреу се сретна со шефот на дипломатијата Дора Бакојани, непосредно пред нејзината средба со медијаторот во спорот со името на Македонија, Метју Нимиц. Опозициониот ПАСОК изрази критики кон Владата, обвинувајќи ја за контрадикторна политика во врска со иницијативата на Нимиц во 2005 година, оценувајќи дека „Грција сега се наоѓа во потешка позиција, особено по американското признавање на Македонија во 2004 година. Метју Нимиц во Атина допатува по средбите во Скопје кои тој ги оцени како конструктивни.
XS
SM
MD
LG