Достапни линкови

logo-print

Исламабад: Вонредната состојба во Пакистан ќе биде укината по еден месец


Вонредната состојба во Пакистан би требало да биде укината по еден месец, најави денеска државниот обвинител Малик Мохамад Кајум. Претседателот Первез Мушараф воведе вонредна состојба пред една недела поради, како што беше образложено, борба против тероризмот. Меѓутоа, опозицијата смета дека тоа било само изговор на Мушараф за да ја зацврсти власта пред изборите што ги најави за средината на февруари. Вашингтон вели дека не постои законска обврска за укинување на американската помош за Пакистан поради тамошната вонредна состојба.
XS
SM
MD
LG