Достапни линкови

Вашингтон: Одложени годишните преговори меѓу САД и Пакистан


Соединетите држави ги одложија редовните годишни преговори за одбранбената соработка со Пакистан поради тоа што во таа земја е воведена вонредна состојба, соопшти Пентагон. Секретарот за одбрана Роберт Гејтс кој се наоѓа во посета на Кина последните настани во Пакистан ги оцени како вознемирувачки. ,,Пакистан е земја од големо стратегиско значење за Соединетите држави и клучен партнер во војната против тероризмот,, изјави Гејтс, објаснувајќи зошто Вашингтон засега не размислува да ја преиспита американската помош за Пакистан.
XS
SM
MD
LG