Достапни линкови

Белград: Продолжува судењето на Земунскион клан


Во специјалниот суд во Белград денеска продолжува судењето против криминалната група Земунски клан. Членовите на оваа група се осомничени за 15 убиства, три киднапирања и за терористички напад врз Демократската партија на Србите во Белград. Досега се осудени 29 членови на групата, а петорица се наоѓаат во бегство. Водачот на земунскиот клан Милорад Улемек е осуден на 40 години затвор поради убиство на поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ.
XS
SM
MD
LG