Достапни линкови

logo-print

Битола: Голем пожар во Битола - еден загинат


Ицо Георгиевски (51) загина синоќа гаснејќи го огнот во неговата викендичка кај битолското село Раштани. Во гаснење на пожарот од големи размери, кој не е под контрола, покрај пожарникари, припадници на армијата и полицијата учествуваат и граѓани. Рано изутрината е одржана седница на Кризниот штаб на чело со премиерот Никола Груевски на која се утврдени мерки, а побарана е и помош од соседните држави за гаснење на пожарот која зафати голема површина. Два авиони Канадери веќе се вклучени во гаснењето на пожарот, премиерот најави дека помош се очекува од Турција, Хрватска, Словенија, Грција.
XS
SM
MD
LG