Достапни линкови

Ерусалим: Откако тоа го стори либанската и израелската Влада ја прифати резолуцијата на ОН


Израелската Влада на денешниот состанок ја прифати резолуцијата на ОН за прекин на огнот, ден откако резолуцијата ја усвои либанската влада, а согласност за неа даде и лидерот на Хезболах Хасан Насралах. Претходно генералниот секретар на ОН Кофи Анан соопшти дека израелскиот и либанскиот премиер се согласиле прекинот на огнот да стапи на сила во понеделник. Во меѓувреме агенциите јавуваат дека израелските авиони денеска извршиле најнови воздушни напади во јужните делови на Бејрут, при што се чуле најмалку 10 експлозии. Израелската војска продолжи и со навлегувањето во јужен Либан во рамки на копнената офанзива при што досега загинаа 24 војници, а Хезболах изврши ракетни гранатирања на северен Израел во кои загина едно лице.
XS
SM
MD
LG