Достапни линкови

Газа: Немири меѓу израелците и палестинците


Најмалку двајца израелци загинале, откако денеска палестинските милитанти го нападнаа израелскиот армиски пункт Карем Шалом во близина на граничниот премин со Појасот Газа. Во нападот исто така загинале и тројца палестинци. Како што пренесе израелското радио, неколку часа по нападот на палестинските милитанти, израелската војска подржана од хеликоптери и тенкови влегла во Појасот Газа. Одговорноста за нападот ја презеде организацијата Народен комитет за отпор, приврзаник на исламската милитантна група Хамас и малку познатата група која себе си се нарекува Исламска Армија. Израелскиот премиер Ехуд Олмерт изјави дека одговорни за денешниот напад се палестинските власти.
XS
SM
MD
LG