Достапни линкови

Њујорк: Ахтисари ќе го извести Советот за безбедност околу преговорите за Косово


Специјалниот пратеник на Генералниот Секретар на Обединетите Нации Марти Ахтисари денеска во Њујорк усно ќе го извести Советот за Безбедност за преговорите на статусот на Косово. Ахтисари потоа во Вашингтон ќе разговара со американски преставници. Втората средба на преговарачите на Белград и Приштина е закажана на 17 Март во Виена. Главна тема е децентрализацијата на власта, а Ахтисари предложи да се почнат и паралелни преговори за културното и верското наследство, за малцинските и човековите права и за економијата.
XS
SM
MD
LG